Leyla Ataman Koyuncuoğlu
15 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Земјите со најстара култура во уредување на градини, Јапонија и Кина, со својата презентација привлекуваат внимание кај посетителите на ЕКСПО 2016 во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Отворањето на ЕКСПО 2016 во Анталија е закажано за 22 април и забрзано се работи на привршување на проектите од страна на земјите учеснички.
Водачот на проектот од Јапонија, Такео Фуџимото, за АА истакнал дека проектот со нивната градина е започнат во октомври 2015 и привршува идната недела. На околу 1.200 метри квадратни простор, поставена е градината која треба да ја долови природата на Јапан.
На површина од околу 3.150 метри квадратни, претставената кинеска градина на ЕКСПО 2016 во Анталија е втора по големина, по онаа поставена во Непал.
Менг Куиан Ванг, одговорен за проектот на ЕКСПО 2016 во Анталија, изјави дека Кина има четири милениумска култура во уредувањето на градините. За овој проект истакна дека е дизајниран според архитектурата на градот Суџоу, за кој велат дека е кинеска Венеција.
Поголем дел од градот Суџоу, кој се наоѓа во долината на реката Јангце, е под вода и во градот се користат кинески стил на гондоли.