Vesna Besiç
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
АХМИЌИ (AA) - Мевлудин (18) и неговиот татко Сакиб (43) Пезер се убиени на 16 април 1993 година ред семејната куќа во селото Шантиќи, кај Ахмиќи. Убиени се заедно со роднините, комишиите, пријателите, вкупно 116 лица .
Аземина Пезер, мајката на Мевлудин, живее во семејната куќа во близина на која се убиени нејзиниот син и маж. Живееле среќен живот. Се радуваа, работеа и ништо повеќе не им беше потребно. Меѓутоа, се е уништено во раното априлско утро кога припадниците на Хрватскиот совет на одбрана (ХВО) во селото Ахмиќи извршија воено злосторство против бошњачките цивили. Во таа прилика, меѓу 116 убиени беа 32 жени и 11 малолетници.
Аземина остана со уште три деца, а се спаси, откако Мевлудин и Сакиб излегоа од куќата да вида дека што се случува надвор, отиде до соседката.Тие со уште една соседка и деца, се спровнаа "на другата страна" до другото село.
Шталата кај која се убиени Мевлуд и Сакиб денес е урната. Аземина за Anadolu Agency (AA) рече дека нема сила било што да работи на неа. Секој поглед на тоа место ги враќа сеќавањата на синот и мажот кои ги виде како лежат мртви. Не е дојдена до нив бидејќи, како што истакна, се плашеше дека и таа ќе падне тука, плашејќи се што би се случило со останатите деца.
Мевлудин заврши школо за автомеханичар. Беше, како што појасни таа, "момче кое мравка не би згазнало".
"Бев овде. Спиевме, и околу 5 сааат слушнавме дека нешто се случува. Излегоа мојот маж и син кој имаше 18 години. Тука се убиени", раскажа Аземина.
"Ние успеавме да отидеме од тука. Бевме кај една соседка и кога се заврши, тогаш се вративме да видиме што се случи. Кога се вратив, гореше спратот од куќата, а тие лежеа зад шталата. Видов дека се мртви, но не смеев да пријдам бидејќи и јас ќе паднев кај нив."
И денес и е многу тешко. Живеее со синот кој 1993 имаше седум години. Ќерките се мажени. Живее за синот за кој стравува секој пат кога ќе отиде од дома. Криво и е , како што рече, што се врати.
"Никој мој сега ништо не прави. Не можам да кажам нешто што не е. Сите мајки плачат. Одам во нивната продавница. Ако ќе живееш тука, мораш така", појасни Аземина.
Соседите, ако ја поздрават, и таа ќе ги поздрави. Секој 16 април повторно буди спомени и сеќавања.
"Би сакала да не се присетувам. На мене ми е тешко, но имам уште три деца и морам да живеам. На мене ми е тешко, никогаш нема да ми биде лесно", порача Аземина.
Припадниците на Хрватскиот совет избрани се во селото Ахмиќи, недалеку од Витез во средба Босна, на 16 април 1993 година извршија воено злосторство против бошњачките цивили. Во таа прилика убиени се 116 лица, меѓу кои 32 жени и 11 малолетници.
Меѓународниот суд за воени злосторства направени на подрачјето на поранешна Југославија пресуди дека убиствата во Ахмиќи беа злосторства против човечноста. Еден од припадниците на ХВО Дарио Кордиќ осуден е на 25 години затвор, Зоран, Мирјан и Влатко Купрешкиќ се осудени на казни од шест до десет години затвор за учествување во масакрите, но со новата пресуда 2001 ослободени се од обвиненијата.
Дарио Кордиќ, кој во австрискиот затвор издржуваше 25 годинша казна поради злочин во централната Босна, а особено поради злосторството во Ахмиќи, на 16 април 1993 година, ослободен е по издржаните две третини на казната.
Хашкиот суд го осуди поранешниот припадник на специјалната единица на ХВО Џокери, босанскиот Хрват, Мирослав Цицак Брала, на 20 години затвор. Пашко Љубичиќ е осуден на осум години затвор, а по одлежаните две третини казна пуштен е на слобода, додека Тихомир Блашкиќ е осуден на девет години затвор.