Adel Ömeragiç
20 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Вирус од типот AH1N1,познат како свински грип, за време на изминатата недела однесе уште три животи во Црна Гора, додека од овој вирус од почетокот на годината починаа вкупно осум лица, соопштија од Институтот за јавно здравје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според тврдењето на оваа институција, три пријави на смрт од грип тип А пристигнале вчера во Центарот за контрола и превенција на болести во Институтот за јавно здравје, а се работи за хронично болни пациенти во старост од 55, 57 и 60 години, кои се лекувани во Клиничкиот центар на Црна Гора.
„Двата пациенти не се вакцинирани против грип, додека во пријавата за смрт на третиот пациент е наведено дека не постои податок за вакцинација. Во сезоната на надзор над грипот за 2015/2016 година во Црна Гора до 19-ти април регистрирани се осум смртни случаеви”, наведуваат од Институт за јавно здравје (ИЈЗ).
Во однос на претходната недела, во Црна Гора се бележи пад на бројот на регистрирани случаеви заболени од сличниот грип.
„Регистрирани се 130 заболени лица со инциденција од 21/100.000 жители. Најголем број од заболените е регистриран во старосната група од 25 до 65 години старост. Во Центарот за медицинска микробиологија на Институтот, заклучно со 17-ти април 2016 година, потврдено е присуството на антиген вирус тип А и антиген вирус тип Б кај 211 пациенти”, соопштија од ИЈЗ.