Rania R.a. Abushamala
03 Јуни 2026•Ажурирано: 03 Јуни 2026
Авиокомпанијата „Кувајт ервејс“ денес го прекина својот авиосообраќај до понатамошно известување по иранските напади што го нарушија функционирањето на меѓународниот аеродром во Кувајт, пренесува Анадолу.
Во соопштението пренесено од кувајтскиот весник „Ал Анба“, националниот авиопревозник наведе дека одлуката е донесена поради „моментните околности и во соработка со властите за цивилно воздухопловство на земјата“.
Од авиокомпанијата соопштија дека откажаните летови ќе бидат презакажани, а патниците ќе бидат известени за новите термини на полетување преку податоците за контакт оставени при резервацијата.
Поради нападот со иранско беспилотно летало во кој беа предизвикани материјална штета и повреди, кувајтските власти целосно го запреа авиосообраќајот и ги пренасочија летовите од меѓународниот аеродром во Кувајт, што доведе до прекин на сите летови на авиокомпанијата, се наведува во претходното соопштение на Министерството за одбрана.
Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) соопшти дека нападите врз американските бази во Кувајт биле извршени како одговор на американскиот напад врз островот Кешм во Јужен Иран претходно денес.