Riyaz Khaliq Khaliq
03 Јуни 2026•Ажурирано: 03 Јуни 2026
Кина денес ги повика САД и Иран да го почитуваат прекинот на огнот, апелирајќи до страните да не дозволат „обновување на воените дејства“, јавува Анадолу.
„Кина е длабоко загрижена за моментната ситуација“, изјави за новинарите во Пекинг портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Соопштението од кинеската Влада следуваше откако САД објавија дека извршиле напади врз островот Кешм како „одговор на обидите за напади од страна на Иран низ Блискиот Исток“.
Се додава дека американската армија и нејзините партнерски воени сили пресретнале повеќе ирански ракети и беспилотни летала.
Кувајт, исто така, соопшти дека неговите системи за воздушна одбрана одговориле на „непријателски“ ракетни напади и напади со беспилотни летала во раните утрински часови денес.
Мао истакна дека „обновените воени дејства не се во ничиј интерес“.
„Се надеваме дека засегнатите страни ќе ги зачуваат можностите за мир, ќе останат доследни на обврските од прекинот на огнот и ќе го одржат континуитетот на преговорите. Потребно е цврсто да се придржуваат кон решавање на споровите преку политички и дипломатски канали, со цел што поскоро да се постигне сеопфатен и траен прекин на огнот, што ќе ги создаде неопходните услови за обновување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток“, додаде таа.
САД и Иран започнаа со нови воздушни напади и покрај прекинот на огнот што е на сила од 8 април откако САД и Израел започнаа војна против Иран на 28 февруари.