Saadet Gökce
31 Јули 2026•Ажурирано: 31 Јули 2026
Бројот на загинати од свлечиштето што на 17 јули се случи во југозападната кинеска општина Чонгкинг се искачи на 51, а 10 лица сè уште се водат како исчезнати, објавија државните медиуми денес, пренесува Анадолу.
Според државната новинска агенција Синхуа, повеќе од 1.100 жители се евакуирани од подрачјето.
Тројца од десеттемина спасени се пуштени од болница.
Несреќата предизвикана од обилните врнежи се случи утрото на 17 јули во подрачјето Ханџија во автономниот округ Пенгшуи Мијао и Туџија, покрај дел од реката Вуџианг, при што беа затрупани повеќе од 10 станбени згради.
Копнените спасувачки операции се завршени, но подводните пребарувања и чистењето на реката сè уште продолжуваат.
Во тек се и напори за обновување на сообраќајот и нормализирање на секојдневниот живот.