Aldıjana Hadzıc
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
АМАН (AA) - Актерката и амбасадорката на добрата волја на Обединетите нации (ОН) Ешли Џад го посети бегалскиот камп во местот Затари, во Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
Џад за време на посетата и средбата со бегалците рече дека тие луѓе и покрај невероватната траума и сетто што го преживуваат се отпорни и силни луѓе.
Актерката додаде дека и претставува огромна чест што може да направи нешто за бегалците.
Одредени арапски медиуми 47-годишната актерка ја споредија со нејзината колешка Анџелина Џоли, која исто така е позната по нејзината хуманитарна работа.
Во Јордан се наоѓаат стотици илјади бегалци, а највеќе од нив се од Сирија, која е погодена од војна. Освен во Јордан, голем број на бегалци од Сирија, се наоѓаат во Турција и Либан.