Selahattin Özbozkurt
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
МЕРСИН (АА) - Во Тарсус, во турската област Мерсин, спасени се 37 Сиријци заробени во полињата по излевањето на локалната река, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради обилните врнежи од дожд што го зафатија Тарсус, некои патишта во населеното место Чајибоју останаа под вода. Во блиското поле останаа заробени Сиријци, поради што е започната спасувачка акција.
Спасените лица, меѓу кои се наоѓаат и деца, се пренесени на безбедно каде што им е пружен третман за опоравување.