17 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
ТИРАНА (АА) - Надлежните институции на Република Турција и Албанија денеска потпишаа седум договори за билатерална соработка во областа на справувањето со катастрофи и вонредни состојби, од областа на медиумите, државните архиви, културата и уметноста, безбедноста, младите и спортот и протоколи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потпишувањето на договорите се изврши во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, непосредно пред почетокот на нивната заедничка прес-конференција во Тирана.
Договорот за соработка помеѓу Агенција Анадолија (АА) и Албанската телеграфска агенција го потпишаа претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Сердар Караѓоз, и генералната директорка на Албанската телеграфска агенција Валбона Жупа.