Fatih Erel
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денес повика на итна акција за да им се помогне на над 20 милиони лица кои се соочуваат со глад во Јужен Судан, Сомалија, Јемен и во североисточна Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пасивноста може да значи глад за милиони“, изјави директорот на ИОМ за операции и вонредни состојби, Мухамед Абдикер.
„Условите на тешка суша, конфликт, небезбедност, екстремно насилство и економско пропаѓање доведоа до глад во одредени области во секоја од земјите, ставајќи ги на ризик животите на милион лица и принудувајќи милиони да одат во потрага по храна и вода“, изјави портпаролот на ИОМ, Џоел Милам на прес-конференцијата во Женева.
На 20. февруари, како последица на конфликти и небезбедност беше прогласена состојба на глад во делови на Јужен Судан, во коишто животите на 100.000 лица се ставени на ризик.
Милман истакна дека хуманитарната состојба во Сомалија забрзано се влошува и веројатноста за појава на глад се зголемува, а дека бројот на лицата што се движат преку границата, во Етиопија, во потрага по храна и услуги, исто така се зголемува.
„Во Јемен, 17,1 милиони лица во моментот не се обезбедени со храна, а кризата достигна до услови на глад во некои делови од земјата“, вели Милман.
Милман нагласи дека недостатокот на храна исто така се зголемува и во северноисточна Нигерија, и дека тековниот конфликт на Боко Харам спречило многумина да се занимаваат со земјоделството и принудил две милиони лица да ги напуштат своите домови.