Ekipa
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Меѓународниот фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупредува дека речиси 1,4 милиони деца се соочуваат со непосредна опасност од смрт, бидејќи во Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и во Јемен им се заканува глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Предупредувањето на УНИЦЕФ доаѓа еден ден откако официјално беше прогласена глад во делови на Јужен Судан, каде што до 2013 година беснееше граѓанска војна и каде што високата инфлација направи голем број од жителите да не можат да си дозволат храна.
УНИЦЕФ со месеци предупредува за тешката неухранетост во североисточниот дел на Нигерија, особено во подрачјата недостапни поради Боко Харам.
Од Фондот за деца на Обединетите нации соопштуваат дека оваа година се очекува околу 500.000 деца да се соочат со тешка неухранетост во државите Борно, Јоби и Адамава.
Од УНИЦЕФ нагласија дека поради сушата во Сомалија и судирите во Јемен, околу 500.000 деца страдаат од тешка акутна неухранетост.