Tevfik Durul
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ПЕКИНГ (АА) – Кина предупреди дека двете страни ќе страдаат во можната „трговска војна“ со Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за трговија на Кина, Гао Хученг на прес-конференција повика на соработка администрацијата на Вашингтон во врска со изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп за покачување на данокот на увезените производи од Кина.
Гао нагласи дека изговорите за трговска војна не треба да бидат опција, туку Кина и САД треба да вложат заеднички труд за решавање на неусогласеноста со помош на преговори и со дијалог.
Гао истакна дека двете страни ќе страдаат во трговската војна меѓу администрацијата на Пекинг и Вашингтон.
За време на предизборните кампањи, Трамп вети дека ќе го покачи до 40 отсто данокот за увезените производи од Кина.
Трамп ја обвини администрацијата на Пекинг за нелојална конкуренција во глобалната трговија преку манипулирање на нивната валута јуан, и во врска со овој случај вети дека ќе се применат санкции на Кина.