Ekipa
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ТЕЛ АВИВ (АА) - Израелскиот воен суд денес осуди војник на 18 месеци затвор поради минатогодишното пукање при кое тој уби претходно ранет Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите бараат Елор Азарија да биде осуден на три до пет години затвор, додека неговиот тим за одбрана инсистираше тој да биде пуштен на слобода.
Минатиот месец, Азарија беше осуден за обид за убиство. Пресудата длабоко го подели Израел, каде што служењето воен рок е задолжително и поддршката на младите војници е широко распространета.
Азрија е фатен на основа на видеоснимките од фаталното пукање во ранет Палестинец во градот Хеброн на Западниот Брег, во март минатата година.
Пресудата за Азарија е победа за командантите кои сакаат да го задржат кодексот на однесување во рамките на војската.
Сепак, премиерот Бенјамин Нетанјаху и истакнати политичари повикаа на ослободување на војникот.
Пред изрекувањето на пресудата, пред судот се собраа десетици луѓе кои дојдоа за да му дадат поддршка на војникот.