Yusuf Hatip
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Во самоубиствен напад извршен во локалниот суд во градот Чарсада, Пакистан, загинаа четири, а повредени се десет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори велат дека припадниците на безбедносните сили забележале тројца напаѓачи кои се обиделе да влезат во зградата на судот.
Првиот напаѓач отворил оган и фрлил рачна граната, при што припадниците на безбедносните сили реагираа усмртувајќи го на влезот во зградата.
Другот напаѓач беше неутрализиран при влезот во зградата на судот, а третиот активирал експлозивна направа што ја носел на себе, при што биле усмртени четворица, а повредени се десет лица.
Повредените лица се транспортирани до блиските болници.