????? ??????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Со заедничко делување на цивилниот сектор и политичките партии, со градење на алијанси на жени политичарки, како и со едукација на пошироката јавност може да дојде до подобрување на вклученоста и влијанието на жените во политиката, беше ставот на учесничките на денешниот работен состанок “Жените и политиката: Бклученоста и влијанието на жените во политиката во Македонија” кој се одржа во организација на Платформата за родова еднаквост и канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје, јавува Anadolu Agency.
Како главна порака од страна на учениците беше истакнато дека политичката вклученост на жените во Македонија е ограничена и жените се нееднакво застапени во политичката арена на локално и национално ниво.
“За зголемување на влијанието и на учеството на жените во политичките процеси може да помогне алокација на финасиски средства на политичките партии на самите женски ограноци, зајакнување на родовите механизми со финансии и човекови ресурси, како и поттикнување на жените преку разновидни обуки”, порача претставничката на Платформата за родова еднаквост Снешка Илиќ.
На денешниот состанок беа презентирани наодите од студијата „Жената во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво“, спроведена минатата година со помош на Француската амбасада и Националниот демократски институт, а во која се вклучиле околу 430 поренешни и сегашни советници и советнички.
“Жените советнички имаат повисок степен на образование од мажите. Околу 65 проценти имаат универзитетски дипломи, додека само 45 проценти од мажите, а 70 проценти од жените вклучени во политиката на локално ниво се експерти, научници или едукатори” ,изјави Дамјан Здравев, од невладината “Реактор” .
Целта на денешниот состанок беше да се подигне општествената свест за факторите кои влијаат врз учеството на жените во политиката.