????? ??????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Научниците со помош на прашалник, на кој присуствуваа повеќе од две илјади луѓе, откриле дека симптомите на мигрена, во просек, почнуваат да се појавуваат во 24-та, болки во грбот во 33-та, и белеењето на коса во 39-та година од животот, пренесува Anadoly Agency (АА).
Британскиот весник Дејли мејл пишува дека според истражувањето, артритис се појавува во четириесеттите години, а прекумерно потење се јавува кај жените во менопауза во педесеттите години.
Две третини од испитаниците постари од 30 години, изјавиле дека со текот на време почнуваат да чувствуваат дека нивното здравје им се нарушува.
Повеќе од половина од испитаниците веруваат дека ладното време влијае на здравствените проблеми во втората и третата фаза од животот, но огромното мнозинство од нив признале дека имаат лоши навики, како што се пушењето цигари.
Истражувањето покажало дека нередовна и неправилна исхрана, недостаток на вежбање, недостаток на спиење и прекумерното консумирање на алкохол и цигари, во голема мера негативно влијае на здравјето и отвора можност за поголем број на болести.