Vesna Besiç
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
САНТЈАГО (АА) - Голем број граѓани од Чиле излегоа на улиците за да го искажат својот глас за родовата еднаквост и женските права, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие се собраа во близина на зградата на Конгресот во Валпараисо, одалечена 120 километри од главниот град на Чиле. На присутните им се обрати и претседателот на земјата, Себастијан Пинер.
За време на протестот беа преземени големи безбедносни мерки. Чиле е земја во која често се организираат масовни протести, завршувајќи во судири меѓу демонстрантите и полицијата.