Admir Fazlagic
13 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Стотици демонстранти се собраа низ скопските улици искажувајќи револт против денешната одлука на претседателот Иванов да ги запре постапките против сите политичари од власта и опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните прво протестот го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство на кое му дадоа поддршка да продолжи со истрагите, а оттаму демонстрантите се упатија кон Народната канцеларија на Иванов во центарот на градот, од каде се упатија кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, додека опозицијата кон Влада, за на крај сите да се соберат пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Собраните граѓанни бараа повлекување на Иванов од функцијата претседател, бидејќи сметаат дека со ваквата одлука тој легитимирал злосторничко здружување.
„Спуштете ги штитовите“, „Придружете се, не одете против народот“, "Нема правда, нема мир", се дел од паролите кои ги извикуваа собраните граѓани.
На моменти доаѓаше до буткање помеѓу демонстрантите и полицијата, кога дел од собраните демонстранти се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон поставен пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а полицијата ги спречи и одврати од таквата намера, по што состојбата се смири.