Erdal Türkoğlu
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ХАТАЈ (АА) - Поради граѓанската војна којашто трае веќе шеста година и поради илјадниците загинати, Сиријците Турција ја гледаат како безбедно засолниште, а од друга страна од сите четири страни на Турција продолжува прифаќањето на сириските бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Градот од шатори ТЕКЕЛ е основан во април 2011 година за сириските бегалци, во населеното место Јајладаги во Хатај, и оттогаш досега брои околу 3.000 бегалци од Сирија.
Повеќето од жителите во градот од шатори се деца од 0-16 години, значи околу 1.600 лица, од кои 567 се деца којшто се родиле во Турција.
Замислувајќи ги шаторите како нивни куќи продолжуваат да растат децата којшто бегајки од војната дошле во Турција, во прегратките на своите татковци и мајки.
Дел од децата коишто основното и средното образование го продолжуваат во градот од шатори никогаш не ја виделе својата татковина. Дел од нив поради тоа што дошле на мала возраст не ја паметат својата куќа или родното место.
Некои, поради тоа што животот го започнаапочнаа во градот на шаторите, мислат дека сите куќи во светот се од шатори.
- „Никогаш не живеле во куќа“ -
Ахмет Зекури којшто пред пет години пребегал од градот Идлиб во изјава за АА рече дека заедно со сопругата и едногодишното дете дошол во Турција.
Кажувајќи дека кога пристигнал во Турција неговата сопруга била бремена Зекури додаде:
„Во градот од шатори ми се родија две деца. Никој од нив ги нема видено ниту селото ниту куќата. Ќерката сега почна да оди во основно училиште. И другите тука пораснаа. Целиот живот им минува во шаторите. Веќе 5 години живееме во градот од шатори, далеку од татковината. Моите деца бидејќи никогаш не живеле во куќа, мислат дека сите куќи во светот се во вид на шатори“.
Зекури му се заблогодари на претседателот Реџеп Таип Ердоган што им ги отвори вратите на Сиријците. Исто така, тој посака војната што поскоро да заврши за подобра иднина за децата.