Elvir Hociç
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, соопшти дека со хакерски напад пробиен е официјалниот сајт на ова министерство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веб-сајтот на Министерството е хакиран. Експертите работат на откривање на напаѓачите“, рече Захарова.
Телевизиската куќа Си ен ен вчера ја објави веста за хакирање на веб-сајтот на руското министерство, што Захарова денес го потврди.
Си ен ен тврди дека кибернетскиот напад бил изведен од американски хакер со кодно име „Д Џестер“ („The Jester“), а во изјавата којашто ја даде хакерот за Си ен ен наведува дека нападот го извршил како чин на предупредување до руските власти, поради неодамнешните обиди за хакерски напади од Русија врз САД.