Zülfiya Yakup
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, денес оствари средба со претставници на парламентарните партии, во обид за постигнување национален консензус во врска со дијалогот Косово - Србија. Но, опозицијата го бојкотираше состанокот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на медиумите, Весели изјави дека на повикот за состанок се отповикале само претставниците на владејачката коалиција, иако барањето за овој вид состанок го поднела опозицијата.
„Внатрешниот консензус беше добра традиција што ја имавме, и резултатите се историски. На денешниот состанок присуствуваа само претставниците на позицијата. Денешното барање беше повеќе барање на опозицијата, за што јавно би му се заблагодарил на амбасадорот на САД, како и на претставникот на ЕУ за оваа иницијатива“, истакнал Весели, беше соопштено од косовското Собрание.
Весели додаде дека дијалогот со Србија е жртвување, а не привилегија.
„Со Србија треба да разговараме поради нашите деца и со жртвување да го одржиме она што го постигнавме досега. Тоа е должност и одговорност на целиот политички спектар. Пораката која треба да се испрати би била порака за доследно единство дека Косово е независна и суверена држава, а суверенитетот е неповредив“, рече Весели.
Во врска со одбивањето на опозицијата да зборува за дијалогот, Весели нагласи и дека недостатокот на лидерство создало ситуација во која сè уште нема директно учество на опозицијата во него.