Dzihat Aliju
11 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ - Очите повторно се свртеа кон Косово, откако по одржувањето на предвремените парламентарни избори на 11 јуни, беше избран претседателот на Собранието на Косово, и откако новата влада доби доверба во Парламентот. Во јавноста почна да се зборува дека управувањето на Косово премина во рацете на УЧК (Ослободителна војска на Косово), откако политичките лидери на УЧК, која беше формирана како движење на отпорот на Албанците во текот на борбата за независност што Косово ја водеше кон крајот на 90-тите години, беа избрани за високи државни функционери.
Во февруари 2016 година, Хашим Тачи беше избран за претседател на земјата, во септември оваа година, Кадри Весели беше избран за претседател на косовското Собрание, а Рамуш Харадинај за премиер на земјата, тоа овозможи соборците од војната во 1998-1999 година повторно „да го преземат управувањето на земјата во нивни раце“.
- Од лидер на отпорот, до претседател на земјата -
Тачи, кој на изборите што се одржаа на 26 февруари 2016 година, со мнозинство гласови беше избран за претседател на Косово, е добро познато име не само во Косово, туку и во светот, поради неговата позиција како лидер на УЧК за време на војната.
По прогласувањето независност на земјата,Тачи беше избран за прв премиер на Косово, а во коалициската влада формирана по општите избори во 2014 година ја вршеше функцијата вицепремиер, како и министер за надворешни работи. Тој играше клучна улога во донесувањето на важните одлуки по независноста на земјата.
Повремените прекини во дијалогот меѓу Косово и Србија, кој потоа продолжува со посредство на Европскатa Унија (ЕУ), се една од најголемите пречки што стојат пред оваа земја, и изгледа дека во наредниот период ќе бидат голем дел од нејзината агенда, како и од агендата на другите високи државни претставници.
Во изјава за Anadolu Agency (AA), минатиот декември, Тачи потсети дека во 2013 година го потпишале првиот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. „Мирот и хармонијата меѓу Косово и Србија значи мир, стабилност и хармонија за целиот регион“, додаде тој.
- Косовскиот премиер кој Србија бараше да биде испорачан -
Новиот премиер Рамуш Харадинај за време на војната во Косово беше еден од командантите на УЧК. Харадинај на 4 јануари беше приведен на еден од аеродромите во Франција, по потерница на Србија, а потоа на 27 април беше ослободен. По изборот на Харадинај за премиер на Косово само неколку месеци откако беше „лице од потерница“ на Србија, се поставува прашањето во која насока ќе се одвиваат односите меѓу Косово и Србија.
Харадинај во изјава за АА во мај нагласи дека сакаат да продолжи процесот на дијалог меѓу Србија и Косово, но, како што рече тој, ова не сакаат да го направат само за да се каже дека е остварен дијалог, туку ќе ги признаат само тие што ги признале нив, и ќе ги почитуваат само тие што ги почитувале нив. „Ако Србија се однесува непријателски со Косово, ние секогаш ќе дадеме одговор“, додаде тој.
Исто така, откако владата што тој ја формираше доби доверба во парламентот, Харадинај во својот говор се осврна на односите на Косово со Србија. „Иако имаме едно трагично минато, не може да се најде алтернатива за дијалогот со Србија. Не можеме да го менуваме фактот дека сме соседи. Косово има потреба од дијалог со својот народ, не само со политичката елита. Ќе отвориме внатрешен дијалог со цел да дознаеме што чувствува народот за овој дијалог“, вели тој.
Регионалната и меѓународната јавност внимателно следи кој правец ќе го следи администрацијата на Белград – која тврди дека Харадинај извршил воени злосторства врз Србите за време на војната во 1998-1999 година – во процесот на нормализација на односите на косовската Влада под водство на администрацијата на Харадинај.
- Поранешниот шеф на разузнавачката служба, нов претседател на Собранието -
Друг политичар кој учествуваше во формирањето на УЧК е новиот претседател на Собранието е Кадри Весели. За време на војната, Весели служел како командат на контраразузнавачката служба, а по војната беше шеф на новоформираната косовска разузнавачка служба. Весели, кој и во претходниот мандат ја вршеше функцијата претседател на косовското Собрание, и овој мандат ќе ја врши истата функција во законодавниот дом, каде што ќе се дискутираат значајни теми на патот кон евро-атлантските перспективи на Косово, пред сѐ односите со Србија.
- Членството во ОН -
Косово во 2008 година еднострано прогласи независност. Оваа земја сѐ уште не е примена во членството на ОН, поради ветото на Русија, која има блиски односи со Србија. Во јавноста постои интерес за тоа што ќе се случува во новиот мандат во врска со ова прашање. Независноста на Косово е признаена од страна на 114 земји.