Zülfiya Yakup
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово Хашим Тачи, кој е во официјална посета во САД, вчера се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, сенаторот Боб Коркер, јавува Anadolu Agency (AA).
Тачи и сенаторот Коркер разговараа за продлабочување на билатералните односи, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
„Разговаравме за потребата од лидерска улога на САД во Косово и во регионот, бидејќи доцнењето на Европската Унија создаде вакуум, кој се користи од страна на други актери“, рече Тачи.
Од друга страна, претседавачот на Комитетот за надворешни работи во американскиот Сенат, сенаторот Коркер повторно ја потврди поддршката на САД во врска со формирањето на Вооружените сили на Косово, членството на Косово во НАТО- Партнерството за мир и додаде дека Косово игра важна улога во борбата против тероризмот.