економија, Балкан

Косово ја информира Македонија за воведувањето данок за земјоделскиот увоз

„Мораме да седнеме со косовската страна и да ги анализираме сите можности за заштита на производителите во Република Македонија и Косово, но и на трговците од двете земји кои се занимаваат со трговија со овие производи...“

Bekim Laci  | 18.07.2018 - Обновена : 19.07.2018
Косово ја информира Македонија за воведувањето данок за земјоделскиот увоз

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Владата на Косово денеска го информираше министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, дека вовела данок од 30 отсто за увозот на земјоделските производи, како мерка за заштита на косовските земјоделци, јавува Anadolu Agency (AA).

По состанокот одржан денеска во Скопје со министерот за Регионален развој на Косово, Расим Демири, Бектеши изјави дека мерките не претставуваат никаква трговска војна меѓу двете земји, бидејќи не се однесуваат само на Македонија, туку на сите земји кои извезуваат земјоделски производи во Косово.

Министерот Бектеши истакна дека наскоро ќе комуницира со членовите на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и со Секретаријатот на оваа организација, со цел да се анализираат влијанијата што оваа мерка може да ги има врз македонската економија.

„Мораме да седнеме со косовската страна и да ги анализираме сите можности за заштита на производителите во Република Македонија и Косово, но и на трговците од двете земји кои се занимаваат со трговија со овие производи. Денес ќе се сретнам со македонскиот министер за земјоделство и директорот на Царинската управа, со кои ќе го анализираме влијанието на мерките, а во наредните денови ќе излеземе пред јавноста“, рече Бектеши.

Министерот за Регионален развој на Косово, Расим Демири, за новинарите изјави дека одлуката на Владата не се однесува само на Македонија, така што не очекува реципрочни чекори како во случајот со Босна и Херцеговина, бидејќи имплементираните царински даноци се насочени исклучиво кон заштита на косовските земјоделци.

„Одлуката на Владата е добро анализирана“, рече Демири, додавајќи дека пред да се донесе одлука за спроведувањето, детално било анализирано дали тоа ќе биде праведна одлука.

„Оваа одлука сигурно ќе биде во корист на нашите производители и ќе има севкупно позитивно влијание, сакам да повторам дека не е поврзана само со Македонија, туку е заштита на нашите производители“, рече министерот Демири.

На средбата, како што истакна Бектеши, станало збор и за продлабочување на трговската соработка меѓу Македонија и Косово и за заедничката примена на меѓународните фондови со кои ќе се отворат нови работни места.

Во врска со унапредувањето на трговската соработка, косовскиот министер Демири рече дека неговата земја веќе покажала посветеност што најдобро се демонстрира преку изградба на инфраструктурата, како што е автопатот Приштина - Скопје, надевајќи се дека заедничкиот состанок на двете влади, што се очекува да се одржи наскоро, ќе резултира со потпишување на меморандум за соработка во овој поглед.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın