Ekip
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Поради зголемената дипломатска напнатост меѓу двете земји, рускиот претседател Владимир Путин го одложи состанокот за Сирија со францускиот колега Франсоа Оланд, кој беше планиран за идната недела во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата за односи со јавноста на францускиот претседател изјавија дека Путин сака да дојде во нов термин, подоцна. Путин наредната недела требаше да го посети главниот град на Франција за да се состане со Оланд и за да ја отвори новата православна црква покрај Ајфеловата кула.
Путин ја донесе оваа одлука откако Русија стави вето на резолуцијата на Советот на безбедност на ОН, која ја предложија Шпанија и Франција за да ги спречат судирите во опустошената Сирија. Вчера францускиот министер за надворешни работи, Жан Марк Ајралт го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да започне истрага за Русија поради можните воени злосторства во Сирија.