Seyyid Emin
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Скопје, во рамките на Платформата за Источноевропски студии (PIEES), приредена е свечена церемонија на која е отворен 3. Меѓународен конгрес за Источноевропски студии (CİEES2019), јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска, во просториите на Интернационалниот балкански универитет (ИБУ), во соработка на Институтот за турска историја, кој е дел од Високиот институт за култура, јазик и историја „Ататурк“, ИБУ, Центарот за турски студии и примена при Универзитетот „Сакарја“ и Универзитетот „Османгази“ од Ескишехир, свечено е отворен 3. Меѓународен конгрес за Источноевропски студии.
На церемонијата на свеченото отворање присуствуваа ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем, координаторот на ТИКА - Скопје, Ајтекин Ајден, директорот на Институтот „Јунус Емре“, Серхат Кула, академици и голем број гости.
Јуџел Отурк од Универзитетот „Сакарја“, кој во исто време е и раководител на Меѓународната платформа за истражување во Источна Европа, за АА изјави дека претставуваат цивилна академска платформа, која организира симпозиуми, конференции и издаваат списание.
Потенцирајќи дека главната тема на Конгресот се изворите и методологијата на историјата на Источна Европа, Озтурк изјави „Наша цел е на едно место да ги собереме академиците од Источна Европа, да формираме научна платформа во чиј центар, меѓу другите, се наоѓа и Турција. Наша друга цел е развивање на историските врски, и во академски рамки, нивно издигање на повисоко ниво.“
Озтурк информираше дека во три одделни сали, 70 академици од Северна Македонија, Турција, Албанија, Унгарија, Полска и Украина, на повеќе седници ќе ги презентираат своите трудови.
Ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем, за АА истакна дека Симпозиумот се спроведува под раководство на Институтот за турски јазик, кој во исто време е и еден од конгресните партнери на ИБУ.
„Се знае дека ИБУ, особено последните години, спроведе десетици симпозиуми, давајќи голем придонес во регионот на полето на науката, и стана адреса на која ги собира научниците од регионот на едно место. Таквиот тренд на активности на ИБУ ќе продолжи и во иднина“, истакна ректорот Ердем.
Во рамките на Конгресот за посетителите и учесниците е отворена изложба на традиционалната турска уметност, ебру и керамика.
Конгресот во просториите на ИБУ ќе трае од 10 до 12 октомври.