Aleksandar Savanovic
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
НОВИ САД (АА) - Со настапот на новосадскиот женски поп квартет „Фрајле“ на главната бина на Петроварадинската тврдина вечерва во Нови Сад е отворен фестивалот „Егзит“, кој е прогласен за надобар европски фестивал, јавува Anadolu Agency (АА).
На овогодишниот фестивал ќе настапат повеќе од 1.000 музичари на повеќе од 40 сцени и зони, а се очекуваат околу 55.000 странски гости од седумдесет земји,
Во текот на изминатите денови во Нови Сад се зборуваат различни јазици, бидејќи посетителите на најголемиот музички фестивал во Југоисточна Европа започнаа да доаѓаат на почетокот од неделата. Оние посолвентните обезбедија приватно сместување, а оние кои го сакаат камперскиот дух и сместувањето под шатори се сместија во кампот на „Егзит“ отворен во делот на најголемата новосадска плажа Штранд.
Голем број на посетили на фестивалот го преплавија просторот околу Петроварадинската тврдина иако портите се отворени во 19 часот, бидејќи поголемиот дел од посетителите во „Егзит“ државата ќе влезат покасно. За време на официјалната церемонија ќе настапи една од најголемите балетски ѕвезди Сергеј Полуњин, со оркестарот Алмазијан симфони, а на самиот крај на церемонијата се очекува повеќеминутен огномет по кое „Егзит“ стана исто така препознатлив за 18 години постоење.
Sвездите на вечерта rep trio Migos ќе настапат 55 минути по полноќ. Во наредните денови ќе настапат голем број на познати изведувачи како Мартин Гарикс,првата арт-поп дива Грејс Џонс, додека на Денс арената за најиздржливите посетители на „Егзит“ ќе ги забавува селекцијата „All-Star" која ја предводат Ричи Хотин, Масео Плекс, Соломун и Нина Кравиц.
На главната сцена доаѓаат и најголемиот хитмејкер на нашето време Дејвид Гета, но и рап суперѕвездата Френч Монтана, додека ширум тврдината се очекуваат и многу гитари, од реге химните на Зиги Марли, до жестоките рифови групи Медбал, Дог Ит Дог, Брухерија и Бомберс, со многуброен стар и нов панк звук, од Кокни Реџектс па се до актуелните состави како што се Слејвс и Идлс.
Актуелната трип-хоп кралица Севдализа, бас ѕвезда Делта Хеви и Лоудстар, како и хитмејкерите Зху, Џејкс Џоунс, Офенбах или Дисајплс, се само дел од понудата на тврдината која до утринските часови ќе биде полна со хаус и техно ѕвезди како што се Адам Бејер и Ида Енгеберг, Амели Ленс, Бен Клок, Rødhåd, Карл Крег, Гај Гербер, Борис Бреча, Џозеф Каприати, Колш, Тејл оф ас, Хелена Хауф, Даниел Авери, Мајк Сервито, Ди-џеј Тенис и голем број на други.
Љубителите на фудбалот исто така нема да бидат ускратени од следење настаните од Светското првенство во Русија, бидејќи на голем екран ќе биде организиран пренос на натпреварот за трето место во сабота и финалниот натпревар во недела.
„Егзит“ своите порти ги затвора во раните утрински часови на 16 јули.