СКОПЈЕ (АА) - АДМИР ФАЗЛАГИЌ -
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Самитот на НАТО одржан на 11 и 12 јули во Брисел заедничка прес-конференција со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и официјално му ја врачи поканата за почеток на пристапни преговори со НАТО Алијансата, со што земјата го отвора патот да стане триесетта членка на НАТО Алијансата.
- Македонија доби покана за почнување преговори за членство во НАТО
Македонија е земја кандидат за членство во НАТО веќе 19 години, а од тогаш до сега изработи вкупно 17 Акциони планови за членство, што е најмногу од сите досегашни земји кандидати.
Покрај потребните реформи во сферата на безбедноста кои земјата требаше да ги спроведе, повеќедеценискиот спорот за името со Грција беше пречката, која стоеше на патот за членството во НАТО, а со постигнувањето на Договорот за решавање на спорот за името со Грција, кој на 17 јуни беше потпишан во грчкиот дел на Преспа, се отстранува и оваа бариер.
- Македонија на патот до НАТО
Собранието на Република Македонија во 1993 година ја усвои Резолуција за влез на Македонија во НАТО и земјава од корисник на безбедност, стана компатибилен партнер на Алијансата.
На 15 ноември 1995 година Македонија го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир, а исто така, Македонија тогаш беше примена и во Северно-атлантскиот совет за соработка.
Во 1996 година, во Македонија беше отворена Канцеларијата за врски, а кон крајот на 1997 година, беше отворена и Постојаната мисија на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.
Две години подоцна, во 1999 година, на Самитот во Вашингтон, Македонија стана кандидат за полноправно членство во НАТО.
- Македонија е земја со најмногу МАП
По Самитот на НАТО во Вашингтон во 1999 година, откако Македонија се стекна со статус на кандидат, започна со процесот на подотовката на Акциските планови за членство и досега, Македонија е кандидатка која на својот пат кон НАТО изработила најмногу МАП.
Моментално, се рботи на 18 МАП, a 17 циклус заврши со состанокот на Македонија и Северноатантскиот совет во септември 2017 година во Брисел.
Владата на Република Македонија тогаш ги информираше сојузниците за одлуката постепено да го зголемува буџетот на одбраната од 2018 година, а потоа и во 2019 година, со 0,2 проценти од БДП, за да се дојде до два отсто, што е тенденција.
Инаку, сега, Македонија издвојува 1,01 отсто од БДП за одбраната.
Во декември минатата година беше презентирана Годишната национална програма за членство во НАТО, со што официјално почна и 18. МАП циклус.
Владата неодамна го усвои и Стратешкиот одбранбен преглед (СОП), кој е клучен документ во делот на одбраната. СОП е завршен во амбициозно поставениот рок од една година и тој всушност е целосната реформска агенда на одбраната на Република Македонија.
Првата цел на СОП е создавање модерна и флексибилна армија, која ќе ја гарантира сувереноста, стабилноста и интегритетот на Република Македонија. Според тоа, предвидено е трансформирање и модернизирање на АРМ, како и подобрување на нејзините оперативни способности.
Исто така, предвидена е промена на структурата на АРМ, организацијата е дизајнирана со консолидиран број команди и штабови со многу јасни дефинирани нивоа на одговорност – стратешко, оперативно и тактичко, со делегирани одговорности на соодветно ниво наместо досегашната централизација, оптимална големина и целосна пополнетост на единците.
Според претходниот СОП, бројката на активниот состав изнесувала 8.200 активен персонал, но таа никогаш до сега не била целосно пополнета. Во моментов од овие систематизирани 8.200 места пополнети се околу 6.600 со војници, подофицери и офицери. Според новиот СОП, планирано е целосно пополнување на воените сили со околу 6.800 припадници, што значи сегашниот број нема да се намалува, туку во иднина ќе се зголеми за околу 200.
Ќе се реорганизира и Министерстовото за одбрана и ќе се обезбеди подобро раководење и менаџирање со овие состојби.
Преку ПАРП процесите зголемена е и интероперативноста на АРМ, а во контекст на тоа РМ има декларирано и свои капацитети и способности за придонес во меѓународните операции на Алијансата.
- Учество во меѓународни мисии
Македонија од 2002 година почна да учествува во меѓународни мировни мисии, во Авганистан во 2002 година, Ирак во 2003 година, во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина во 2006 година и мисијата на ОН во Либан. Во моментов, Македонија учествува со персонал од над 40 лица во мисијата „Одлучна поддршка" на НАТО во Авганистан, како и со три лица во мисијата АЛТЕА во БиХ и едно лице во УНИФИЛ во Либан.
Од регионален аспект им дава целосна логистичка поддршка на силите на КФОР на Косово преку Координативниот центар за поддршка на КФОР во Скопје.
Од 2002 година повеќе 3.800 лица ротирале во мировните мисии во кои учествувале македонските сили.
- Една деценија по Самитот на НАТО во Букурешт
Откако е кандидат за членство во НАТО, Македонија досега најблиску до влезот во оваа алијанса беше на самитот кој се одржа пред една деценија во Букурешт. Тогаш, во 2008 година, Македонија беше оценета дека е целосно подготвена да ја добие поканата, но Грција го употреби правото на вето и го услови влезот на Македонија со решавање на деценискиот спорот за името, што беше најголемата пречка во процесот на зачленување.
Посебно, треба да се земе в предвид дека во НАТО Алијансата постои консензуален принцип на одлучување, поради што е важно да се има во предвид и политичкиот контекст и ставот на сите 29 членки во оваа Алијанса.
- Поддршка од Турција за интеграција на Македонија во НАТО
Во прсрет на одржувањето на Самитот на НАТО во Брисел, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција дава целосна поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО. Чавушоглу нагласи дека проширувањето на Алијансата е многу важно.
„Турција дава целосна поддршка на Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија, особено за нивната интеграција во НАТО. Ќе продолжиме со инсистирање во оваа насока“, изјави Чавушоглу, за време на неговото гостување на уредничкиот деск на Anadolu Agency (AA).
- Членството на Македонија во НАТО зависи од имплементацијата на Договорот за решавање на спорот за името
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на прес-конфернцијата одржана на 11 јули во Брисел, истакна дека зачленувањето на Македонија во НАТО зависи од одлуката на граѓаните, нагласувајќи дека тоа е животна можност, и појасни доколку граѓаните го поддржат Договорот за решавање на спорот за името, ќе влезат во НАТО, во спротивно не можат да се приклучат на Алијансата.
Експертите од областа на меѓуанародните односи и безбедноста, во јавноста ги искажаа своите мислења во однос од очекувањата на Самитот на НАТО кој се одржа во изминатите два дена во Брисел, при што изразија уверување дека Република Македонија ќе ја добие најавената покана за членство во НАТО, сметајќи дека до крајот на 2019 година, Македонија ќе стане полноправна членка на Алијансата, што е нејзина стратешка цел.