Ekip
09 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Џон Глен, поранешен астронаут и сенатор на САД, почина вчера, на 95- годишна возраст во Охајо, јавува Anadolu Agency (AA).
Глен стана национален херој во 1962 година, како првиот Американец кој орбитирал околу планетата Земја. Тој трипати направи круг по орбитата околу планетата Земја. Глен почина вчера попладне, во Државниот универзитетски центар за рак „Џејмс канцерцентар“ во Колумбус, во сојузната американска држава Охајо.
Тој беше третиот Американец кој заминал во вселената, а прв што влегол во орбитата. Меѓутоа, Глен не е првиот човек што стигнал во орбитата, бидејќи астронаут од Советскиот Сојуз успеал во тоа една година претходно.
Потоа помина 24 години како сенатор на демократите од Охајо во Сенатот. Во вселената се врати во 1998 година, кога имал 77 години, на вселенскиот шатл „Дискавери“.