Handan Kazancı
09 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
АЛЕПО (AA) - Најмалку 46 цивили се убиени во последните напади на сирискиот режим на северозападниот сириски град Алепо, рече во четвртокот вечерта за Anadolu Agency (AA) Неџип Енсари од цивилната заштита која делува во градот.
Додаде дека во нападите се ранети 230 луѓе, како и дека хеликоптерите на сириската војска користеле „бомби кои содржат гас хлорин."
„Голем број луѓе почуствуваа здравствени проблеми поради ширењето на плинот по нападот", рече Енсари.
Според податоците на локалната цивилна заштита од средината на ноември во нападите на сирискиот режим на подрачјата на Алепо, кои беа под контрола на опозицијата, убиени се вкупно 935 цивили.
Бомбардирањата ги примораа болниците и другите медицински институции во разорениот град да пресанат со работа додека повеќето школски активности потполно се запрени.