Ebru Şengül
09 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
ТОКИО (АА) - Јапонија на Иран ќе му даде финансиска поддршка од два милиони евра за реализација на нуклеарниот договор со групата P5+1, изјави вчера јапонскиот министер за надворешни работи, Фумио Кишида, јавува Anadolu Agency (AA).
Кишида одлуката ја објави по состанокот со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во Токио.
По две години преговарања, Иран постигна сеопфатен нуклеарен договор со групата P5+1 во која Велика Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија.
Договорот доведе до укинување на меѓународните санкции кон Иран што и овозможи на земјата да ја обнови економијата која страдаала од трговински ограничувања.
„Нашите две земји соработуваат во многу области”, напомена Кишида, додавајќи дека Јапонија и Иран ќе ја продолжат соработката за да се обезбеди константно спроведување на условите на нуклеарниот договор.
Иранскиот министер Зариф ја поздрави одлуката на Јапонија на неговата земја да пружи финансиска поддршка и истакна дека тоа ќе има „силен ефект ” во реализација на нуклеарниот договор.
Во февруари 2016 година, Јапонија и Иран потпишаа билатерален договор за вложување, откако Токио ги укинина санкциите на Техереан, кој вети имплементација на условите на нуклеарниот договор.