Ekip
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
ЈАНГОН (АА) - ОН ја повика армијата на Мјанмар да престане да користи прекумерна сила во Ракајн со цел да престане загубата на невини животи. Сѐ повеќе расте загриженоста за однесувањето кон муслиманското население Рохинџа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено вчера, специјалниот советник на ОН на генералниот секретар во Мјанмар, Виџај Намбиар, му нагласи дека ОН е сериозно загрижен за ситуацијата во северните делови во Ракајн, во кои загинаа меѓу 74 и 400 муслимани од заедницата Рохинџа, а 30.000 се раселени.
Војниците се посочуваат како одговорни за убивање на невините муслимани и за други сериозни прекршувања на човековите права (вклучувајќи и сексуални напади), од 9 октомври, откако почнаа операциите за расчистување. Нападите на војската започнаа откако три вооружени лица нападнаа три полициски станици во подрачјето Мунгдав, во близина на северната граница на Мјанмар со Бангладеш.
„ОН ги повика безбедносните сили да дејствуваат во согласност со владеењето на правото и прифатените меѓународни норми на однесување, и да бидат претпазливи во однесувањето што може да им наштети на цивилите, да доведе дозагуба на животи или да предизвика штети на имотите на локалното население“, вели Намбиар.
Во вторникот, поранешниот шеф на ОН, Кофи Анан (претседател на комисијата за помош на Владата во решавањето на конфликтите во Ракајн), исто така ја повика армијата да ги почитува правата на цивилите во областа. „За армијата е важно она што го прават во областа, но цивилите исто така имаат нивни права“, изјави Анан на прес-конференцијата кога како претседател на комисијата вторпат ја посети областа Ракајн.
„Многу е јасно дека војската има две важни улоги, да ја заштити земјата и интересот на земјата, но има и одговорност безбедносните сили да бидат внимателни во штитењето на правата на цивилното население. Тоа е многу важно“.
ОН и САД ги здружија своите групи на активисти и групи за помош во подигањето на свеста во врска со извештаите за убиства, силувања, произволни апсења и други насилства во селата населени од Рохинџите во Ракајн, како последица на воените операции што започнаа по нападите што од 9 октомври.
Застапувачките групи на Рохинџите тврдат дека околу 400 Рохинџа муслимани се убиени во воените операции во северниот дел на Ракајн, додека од Мјанмар се вели дека од 9. октомври загинале најмалку 91 лице – 17 војници и 74 наводни напаѓачи (меѓу кои и две жени), како и дека бил уништен имот во областа окупирана од муслиманите Рохинџа.
Во 1982 година, во Мјанмар беше усвоен закон со кој на Рохинџа муслиманите (многумина од нив кои со години живееле во Мјанмар), им се одбива државјанството. Законот ги одбива правата на Рохинџа во Мјанмар, ја отстранува нивната слобода на движење, оневозможува пристап до образование и услуги, и дозволува произволно да им се конфискува имотот.