Michael Sercan Daventry
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Обвинетиот маж за убиството на пратеничката на Лабуристичката партија, Џо Кокс, на неговото прво појавување на судот го прогласи своето име како „Смрт за предавниците, слобода за Британија”, јавува Anadolu Agency (AA).
Томас Мејр, 52 години, одби да го даде своето име и адреса за време на неговото кратко појавување во Судот за прекршоци во Вестминстер утрово.
Тој беше уапсен во четвртокот, веднаш откако пратеничката беше застрелана и прободена со нож во Бирстал, пред нејзиното остварување на состанок со жителите во нејзиниот изборен регион.
На барањето од страна на судијата да го потврди своето име, Мејр рече: „ Моето име е смрт за предавниците, слобода за Британија”, јавува британскиот „the Guardian” .
Облечен во тренерки и сив џемпер, на прашањето да ја потврди својата адреса и датум на раѓање тој не одговори ништо.
Адвокатите на Мејр го потврдија неговото име наместо него.
Тој ќе остане во притвор се до неговото следно појавување во понеделник во Централниот кривичен суд во Лондон, „ Old Bailey ”.
Претходно полицијата изјави дека неименуваното 77 годишно лице кое „ храбро интервенираше ” во обид да ја спаси пратеничката, се наоѓа во стабилна состојба во болница откатко беше повреден во абдоменот.
Смртта на пратеничката, 41-годишна мајка на две деца, го шокираше Британскиот политички естаблишмент и ја спречи кампањата само пет дена пред гласачите да излезат на гласање за да одлучат дали Велика Британија треба да остане членка на Европската унија.
Настаните од кампањата, уличните тезги и собирите ќе бидат суспендирани ширум државата во текот на денешниот ден.
„Британија посилна во Европа”, група која повикува на гласање да се остане во ЕУ, преку порака изјави дека гласањето на волонтерите ќе се продолжи утре.
Во текот на наредните недели ќе се одржат специјални избори со цел да се потполни слободното парламентарно седиште на Кокс, во Батли и Спен. Британските владеачки конзервативни и опозициски партии објавија дека нема да го оспорат гласањето, давајќи им право на Лабуристите да го задржат.