Bilgin S. Şaşmaz
19 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго, САД, започна одржувањето на традиционалната манифестација „Визард ворлд комик кон“ (Wizard World Comic Con), која традиционално се одржува од 1972 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Соопштението дека на оваа манифестација ќе биде отворен штанд на компанија којашто се занимава со трговија со оружје предизвика реакција во јавноста. Посетителите на настанот претежно се млади луѓе и деца, поради што многумина сметаат дека на оружјето тука не му е место.
На социјалните мрежи отворен е хаштагот #GunFreeComicCon („Комик кон“ без оружје) кој го користат Американците во целата земја. Организаторот порача дека на манифестацијата нема да биде претставено ниту ќе се продава огнено оружје. Планирано е компанијата на штандот да изложи имитации на своите производи, но штандот беше празен.
Отворени се штандови за стрипови, графичка анимација, за видеоигри, и многу други. Програмата исто така вклучува различни панели и презентации. На настанот, кој ќе трае до 21 август, би требало да присуствуваат десетици илјади луѓе.