Bilgin S. Şaşmaz
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ЧИКАГО (АА) – Пред полицска станица во Чикаго, Илиноис (САД), се собраа група граѓани на протест против грубите интервенции на безбедносните сили против црномурестите граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
На протестот, демонстрантите носеа транспаренти со слоганот „Полицијо, запри со убиствата“. Во текот на протестот се создаде напната атмосфера меѓу полициските тимови кои дојдоа да го обезбедат протестот и насобраните граѓани.
Полицијата ја објави снимката на која се гледа како е убиен 18-годишниот афроамериканец Пол О'Нил. Настанот се случи на 28 јули. Снимката е објавена поради многубројните критики бидејќи момчето било невооружено.
Семејството на момчето настанот го окарактеризира како убиство и побара сторителите да бидат казнети.