Halil Demir
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во реализираната операција против терористичката организација ДАЕШ беа приведени 16 осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на информациите дека одредени осомничени лица се подготвуваат за акции во Истанбул, екипите на Полициската дирекција во Истанбул истовремено реализирале операции во Султанбејли, Санџактепе, Малтепе, во Ускудар, како и на 20-ина адреси во Умраније.
Во антитерористичката операција се приведени 16 осомничени лица.
Во направените претреси на локациите биле конфискувани голем број документи на организацијата, дигитални материјали, како и книги поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Во меѓувреме утврдено е дека некои од осомничените учествувале во борбените зони во Сирија.
По здравствените контроли на осомничените, продолжуваат полициските процедури.