Ekip
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
ВОРКУТА
Напуштените згради во местото Семетнозаводскиј , што се наоѓа на 19 километри од центарот на градот Воркута, кој се наоѓа во Република Коми при Руската Федерација, се целосно покриени со снег и мраз, јавува Агенција Анадолија (АА).
Различните области на градот Воркута, кој во периодот на Советскиот Сојуз бил еден од важните градови на Република Коми во областа на рударството, почнаа да доживуваат проблематични денови во областа на рударството по распадот на Советскиот Сојуз.
Екстремно ниските температури во овој регион што достигнуваат дури до минус 50 степени, како и невработеноста, ја поттикнаа миграцијата.
Исто така, како резултат на миграцијата, некои населени места по 2013 година се претворија речиси во градови на духови.
Напуштените згради во местото Семетнозаводскиј, што се наоѓа на 19 километри од центарот на градот Воркута, се целосно покриени со снег и мраз.