Şerife Çetin
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ - Радман, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатските извори, за време на средбата било разговарано за темите поврзани со посетата на Чавушоглу на Хрватска.
Шефот на турската дипломатија на 28 февруари оствари официјална посета на Хрватска.
Чавушоглу во овие рамки се состана со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, додека во текот на средбите беше разговарано за актуелните регионални теми.
Турскиот министер нагласи дека улогата на Хрватска во Босна и Херцеговина е многу важна, како и дека донеле одлука за трилатералниот механизам Турција-Хрватска-Босна и Херцеговина да го доведат на лидерско ниво.