Günay Nuh,Hilmi Tunahan Karakaya,Cüneyt Çelik,Hüseyin Yıldız,Abdullah Söylemez,Sidar Can Eren
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
ЕРЗУРУМ (АА) – Ниските температури во источна Анадолија го отежнуваат секојдневието на населението во тие делови на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во градот Ерзурум, од некои кровови се формираа мразулци поради студеното време.
Замрзнаа и некои фонтани пред џамиите, како и прозорците на возилата.
Меѓу другото, се забележува дека граѓаните тешко се движат поради мразот на патиштата и тротоарите.
- Ардахан -
Во градот Ардахан граѓаните се соочуваат со тешкотии при управувањето со своите возила.
Резервоарот за гориво на камион натоварен со слама замрзна на Автопатот Ардахан - Артвин.
Возачот на камионот, Сабри Фидан, истакна дека возилото замрзнало додека патувал.
„Веднаш побарав мајстор. Мајсторот дојде и го разработи моторот на возилото. Вечерва беше многу студено. Резервоарот за гориво замрзна за прв пат“, нагласи Фидан.
- Карс -
Растенијата и дрвјата во Карс се покриени со слана.
Дрвјата покриени во бело создадоа прекрасни пејзажи.
Во некои делови од градот имаше и магла, па затоа возачите поради намалената видливост имаа тешкотии при управувањето со своите автомобили.
- Игдир -
Во високите предели на областа, времето е многу студено, а во некои региони падна и магла.
Растенијата покриени со слана и маглата создадоа прекрасни глетки.
- Агри -
Студеното време негативно влијае на животот во Агри.
Во областа каде што се замрзнати потоците и реките, граѓаните ги покриваат своите возила со ќебиња и теписи.
- Тунџели -
Во Тунџели, со опаѓањето на температурата под нулата замрзнаа потоците.
Во областите Овачик, Пилумур и Хозат, каде што зимската сезона е тешка, дрвјата и растенијата покриени со слана создадоа преубави пејзажи.