Admir Fazlagic
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Студениот бран со врнежи од дожд и засилен ветер, со што дојде до намалување на температурата за повеќе од 15 степени Целзјусови го донесе првиот снег на планинте во Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Утрово снег има во Маврово, а неколку сантиметри снег има и на Попова Шапка. Од Управата за хидрометеорологија (УХМР) известуваат дека времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 20 литри на метар квадратен, претежно во западните делови.
На планините над 1500 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, на моменти до 70 км/ч.
Утринската температура ќе се движи од пет до 15, а дневната од седум до 16 степени. Како што информира УХМР, во Скопје ќе преовладува слично време, облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Од неделa, следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.