Admir Fazlagikj
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Падна првиот снег во оваа зима и во оваа нова 2016 година во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Снежното време и неделното попладне граѓаните го искористија за прошетка на скопскиот плоштад и главните улици, додека другите уживаа во некои од македонските ски центри.
Највеќе радост снегот донесе за децата, кои уживаа во убавата снежна глетка и се играа со снегот.
Утрово падна снег во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Кичево, Буково, Ѓавато, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Струмица, како и во другите помали места.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози, соопшти „Македонија пат“.
Од Упратавата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска и во наредните денови не очекува облачно време, со снежни врнежи, во крајните јужни и југозападни делови од дожд и снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјава, каде на повисоките места ќе се формира снежна покривка над 25 сантиметри, а на повисоките планини и над 40 сантиметри. Помала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.Ќе дува слаб, долж Повардарието и во источните делови умерен ветер од југоисточен правец.