?????
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот принц Вилијам зборуваше отворено за своите емоции откривајки дека татковството го направилo многу поемотивен и посреќен човек, јавува Anadolu Agency (АА).
Престолонаследнкот Вилијам, е татко на две деца и тоа на две годишниот принц Џорџ и принцезата Шарлот, којa е роденa во мај минатата годинa.
"Татковството ме направи многу посвесен за тоа како животот е скапоценo богатство. Порано не се грижев за ништо, но сега го ценам и се интересирам за сè, дури и за мали нешта", рече 33-годишниот принцот Вилијам.
Принцот Вилијам тврди дека сега е повеќе заинтересиран за развојот на настаните во светот, а често размислува како се чувствуваат оние кои не можат да бидат присутни и да си ги гледаат децата како растат.
Принцот Вилијам, е војвода од Кембриџ и втор во серијата наследници на тронот, а неговото полно име е Вилијам Артур Филип Луис. Тој е постариот син на престолонаследникот принцот Чарлс и покојната принцеза Дијана и внук на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Оженет е со Кетрин Мидлтон.