Ali Rezzakoğlu
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
АБУ ДАБИ (АА) - Престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, утре ќе престојува во официјална посета на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Посетата ќе биде остварена на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, јави новинската агенција Емирати (WAM).
Престолонаследникот со претседателот Ердоган ќе разговара за „билатералните односи и начините за унапредување на соработката и заедничкото дејствување меѓу двете земји на различни полиња за остварување на заедничките интереси“.
Тие, исто така, ќе се осврнат на сите регионални и меѓународни прашања и случувања кои се однесуваат на двете земји.
Посетата ќе следува по телефонскиот разговор на 31 август, кога Ердоган со принцот разговараше за билатералните односи и регионалните прашања.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изминатиот септември рече дека дека односите помеѓу Турција и Емиратите во последно време се со позитивна атмосфера.