Riyaz ul Khaliq
19 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
АНКАРА (АА) - Јапонија испраќа покани до претставници од 195 земји за церемонијата на устоличување на престолонаследникот, принцот Нарухито, која е закажана за 1 мај, пренесува Anadolu Agency (AA).
На 30 април царот Акихито ќе абдицира, со што ќе стане првиот жив јапонски монарх што ќе се откаже од тронот во изминатите два века.
Тој дојде на тронот на возраст од 55 години, кога на 7 јануари 1989 година почина неговиот татко, императорот Хирохито.
Во 2016 година Акихито изрази желба да абдицира од здравствени причини. Една година подоцна, Јапонија донесе закон што му го овозможи повлекувањето.
Утрото на 1 мај Нарухито ќе ги наследи традиционалните регалии, вклучувајќи ги и „светиот меч и накит како доказ за стапувањето на тронот“.