Ahmet Furkan Mercan
04 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
ТОКИО (АА) - Во 2021 година бројката на новороденчиња во Јапонија падна на рекордно ниско ниво, приближувајќи се на бројката од 800.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Јапонија ги објави податоците за годишната стапка на наталитет, морталитет и склучени бракови.
Според најновите податоци, минатата година бројката на новороденчиња во Јапонија е намалена за 29.231 бебе во однос на 2020 година и изнесува 811.604 новороденчиња.
Оваа стапка е најниска од 1899 година, од кога се собираат официјални податоци за наталитетот во Јапонија.
Бројката на новороденчиња во Јапонија, што за првпат во 2016 година падна под 1 милион, минатата година се приближи на границата од 800.000.
Исто така, според најновите податоци, во 2021 година во Јапонија се склопени 501.116 брака, а бројката на починати во истиот период изнесува 1.439.809 лица.
Во извештајот се наведува дека во Јапонија, земја со популација од околу 125 милиони жители, Владата треба да ги засили мерките против брзото стареење на населението.