Ekip
04 Јуни 2022•Ажурирај: 05 Јуни 2022
КУВАЈТ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5 степени денес го потресе јужниот дел на Кувајт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната сеизмолошка мрежа на Кувајт соопшти дека земјотресот се случил утрово во 4:28 часот по локално време на длабочина од 5 километри југозападно од провинцијата Ал-Ахмади, објави државната новинска агенција КУНА.
Не се пријавени повредени лица, а нема ниту податоци за причинета штета.