Associated Press
04 Јуни 2022•Ажурирај: 05 Јуни 2022
ПЕКИНГ (АА) - Машиновозач на брз воз загина, а 8 лица се повредени кога два вагона излетаа од шините поради удар во одрон во јужниот дел на Кина ова утро, објави кинеската државна телевизија ККТВ (CCTV), пренесува Агенција Анадолија (АА).
До несреќата дошло при влегување на возот во тунел во кинеската јужна провинција Гуејџоу.
Повредените лица се во стабилна здравствена состојба, а 136 патници се евакуирани.
Поради комбинацијата на поројни врнежи и слабо развиена инфраструктура во планинските подрачја, свлечиштата се вообичаена појава во јужниот дел на Кина.