Gorana Jakovljevic
04 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Повеќе од 40 воени бродови на земјите членки на НАТО стигнаа во Стокхолм во рамките на 51-вите поморски вежби „Балтички операции 22“ (Baltops 22), што се одржуваат од 5 од 17 јуни, известува Агенција Анадолија (АА).
Во вежбата учествуваат Туркије (Турција), Белгија, Бугарија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Шведска, Велика Британија и САД. Во вежбата ќе учествуваат 45 брода, најмалку 75 воени авиони и околу 7.000 војници.

Во „Балтички операции 22“, вежбата која има за цел јакнење на неопходните можности за заштита на слободата на пловидбата и безбедноста во Балтичкиот Регион, планирани се амфибиски операции, технички гаѓања, операции против подморници, маневри на противвоздушната одбрана, деминирање, контрадиверзиона заштита и медицински интервенции.
Првата вежба е одржана 1972 година и се спроведува секоја година. Оваа година домаќин на вежбата е Шведска.