Emre Aytekin
19 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
СЕУЛ (АА) - Во текот на рутински преглед во воена база во Јужна Кореја по грешка е испалена ракета земја-воздух, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил во воената база во местото Чунчеон, јужно од Сеул, а по грешка е испален проектил од одбранбениот систем „Cheolmae-2“.
Локалните медиуми јавуваат дека грешката не предизвикала човечки жртви и материјална штета, а формирана е и посебна инспекција која ќе ја истражи заднината на случајот.
Воздушниот одбранбен систем „Cheolmae-2“ е јужнокорејски производ развиен како пандан на американските проектили „Hawk“. Неговите проектили се опремени со систем за наведување и се значително побрзи и попрецизни од проектилите „Hawk“.