Dzihat Aliju
30 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - По повод 25-години од основањето на издавачката куќа "Логос-А" во Скопје се одржа промоција на книгитe на "Албанската Литература во Македонија", при што се промовирани 12 книиг на албанските писатели во Македонија, јавува Anadolu Agency (АА).
Во изјава за АА директорот на издавачката куќа "Логос-А", Аднан Исмаили изјави дека по повод 25-годишнината од основањето на издавачката куќа ја организира оваа промоција каде што ќе се претстават 12 книги од авторите на албанската литература во Македонија.
"Денес, по повод 25-годишнината од основањето на издавачката куќа Логос-А имаме промоција на 12 Албански автори од Македонија, 12 книги автохтони на албанската литература во Македонија. Го одбравме ова поради тоа што,многу пати, на некој начин, не е земена в предвид албанската литература во Македонија.Денес, на овој настан, всушност, може да се каже дека е како наш празник, каде за прв пат се промовираат книгите на 12 автори од албанската литература во Македонија ", истакна Исмаили.
На промоцијата на книгите присуствуваа бројни писатели, професори, претставници на невладини организации, студенти и љубители на пишаниот збор.
Авторите чии книги се објавени се: Луан Старова, Ким Мехмети, Салајдин Салиху, Реџеп Златку, Линдита Ахмети, Шклзен Халими, Халил Зендели, Џабир Ахмети,Неџас Сопај, Ресул Шабани, Авни Халими и Лулзим Хазири .
Инаку, издавачката куќа "Логос А", која оваа година прославува 25-годишнината од своето основање има издадено 1000 книги, а испечатено осум милиони книги и организирано бројни промотивни настани.